Винком е компанија основана во 1992 година, со јасна мисија која е да обезбеди висококвалитетни решенија за одржување на хигиена и грижа за домот преку светски познатиот KIRBY систем. Нашата работа е насочена кон продажба на оригинални KIRBY уреди, обезбедување на комплетна палета потрошен материјал, како и сервисирање и поддршка на истите. Веќе повеќе од три децении сме препознатливи по нашата посветеност на квалитет, доверба и професионален пристап на територијата на Македонија.