РАКОВОДИТЕЛ НА СЛУЖБА ЗА ИНФОРМАТИЧКО-КОМУНИКАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА

(преземи го огласот како PDF)

РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:

  • Организација, координација и контрола на извршување на работите на Службата;
  • Остварува соработка со стручните служби на ниво на цела групација Триглав;
  • Изработка на извештаи поврзани со подрачјето на работа;
  • Подготвува документација на ИТ процеси и процедури;
  • Организира и координира стручно и технолошко унапредување на Службата и предлага начини и видови на стручно усовршување;
  • Учествува и соработува во имплементација на проекти на ниво на цела Групација Триглав;
  • Се грижи за развој и одржување на апликативна програмска опрема (планирање, програмирање, тестирање);
  • Изработка на техничка и корисничка документација поврзана со работењето на апликативната програмска опрема;
  • Остварува соработка со надворешни изведувачи и врши надзор над нивната работа;
  • Го следи развојот на подрачјето на работа и перманентно се дообразува.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ, ИСКУСТВО И ОБРАЗОВАНИЕ:

  • Високо образование од информатичка или друга соодветнa насока;
  • Подготвеност за континуирано стручно усовршување;
  • Напредно познавање на Т-SQL I администрација SQL Server;
  • Напредно познавање и искуство во работа со (C#, .NET);
  • Напредно познавање на англиски јазик;
  • Минимум 5 години работно искуство во областa;
  • Искуство во имплементација на поголеми проекти;
  • Самоиницијативност, посветеност, претпазливост, одговорност, способност за аналитичко размислување;
  • Комуникациски способности, способност за тимска работа;
  • Пожелно возачка дозвола Б категорија и подготвеност за службени патувања.

НУДИМЕ:

  • Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
  • Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
  • Соработка на проекти во меѓународна околина;
  • Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство;
  • Работно место во седиштето на Друштвото во Скопје.

Вашите документи за аплицирање треба јасно да покажат зошто токму Вие одговарате за позицијата за која аплицирате..

Нето плата за оваа позиција изнесува 53.000,00 мкд и повеќе, во зависност од квалификациите на кандидатот.

Кратка биографија (CV), мотивациско писмо и останати документи (потврди, сертификати и стекнати лиценци) може да испратите на наведената адреса или на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] не подоцна од 25.07.2019 година.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 05.08.2019 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »