РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН И ДИСТРИБУЦИЈА (логистика на испорака)

Објавенпред еден ден
Активен до02.12.2026
ПозицијаМагационер
ЛокацијаСкопје
Телефон02/3060-175
Веб-страницаhttp://www.septima.com.mk/
За компанијата

Септима ДООЕЛ Скопје е приватна компанија основана 2000 година. Дејност на компанијата е промет на големо со фармацевтски производи, медицински помагала, диететски суплементи, козметички и хемиски производи и останати производи од асортиманот потребни за аптека. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Друштво за увоз - извоз и трговија на големо СЕПТИМА ДООЕЛ Скопје

Реномирана компанија од областа на дистрибуција на лекови, медицински средства и козметички препарати бара амбициозни луѓе, подготвени да со својот личен став и знаење дадат придонес во работењето на компанијата. Ви нудиме позитивна работна атмосфера со можност за понатамошно надградување и развивање на кариерата.

Ако сте позитивни, со изразени аналитички способности, одговорни и имате желба за понатамошно стручно усовршување и стекнување на практични знаења во комплексно работно окружување, да бидете постојано во контакт со нови технологии применети во пракса, пријавете се на огласот за работно место 

РАКОВОДИТЕЛ НА МАГАЦИН И ДИСТРИБУЦИЈА  (логистика на испорака)

За позицијата:

Бараме искусен и оперативен Раководител на магацин и дистрибуција, кој ќе раководи со магацинските операции и ќе управува со локалната испорака на производи до клиентите.

Напомена: Оваа позиција опфаќа управување со магацин, контрола на залихи и планирање на рути на возилата за испорака - не се однесува на меѓународен транспорт, организирање на транспорт со камиони или царинско посредување.

Клучни одговорности:

  • Организирање и надгледување на сите магацински операции (прием, складирање, селектирање на нарачки и подготовка на стока за испорака)
  • Планирање и дефинирање на дневни линии на испорака за возачите и распоред на  испорака  до купувачите
  • Управување со залихите, следење на состојбата на залихите и спроведување редовни и вонредни пописи
  • Координирање на тимот од магацински персонал и возачи, следење на нивната ефикасност и организирање на смените
  • Соработка со одделенијата за набавка и продажба за да се обезбеди навремена подготовка и испорака на нарачките
  • Грижа за соодветната состојба и редовното одржување на возниот парк за испорака и магацинската опрема

Барања за кандидатот:

  • Најмалку 3 години искуство на иста или слична позиција (управување со магацин и организирање на локална дистрибуција на стока)
  • Одлични организациски вештини и искуство во планирање на линии за испорака
  • Искуство во раководење со тим (магационери и возачи)
  • Високо ниво на компјутерско работење  (MS Excel, искуство со ERP/WMS софтвер)
  •  Возачка дозвола од Б категорија (активен возач)
  • Пожелно е познавање на англиски јазик

Што нудиме:

  • Стабилно вработување во компанија што расте
  • Редовна и конкурентна плата со бонуси врз основа на работниот учинок
  • Самостојност во организирањето на работата и можност за унапредување на процесите

Доколку ги исполнувате наведените критериуми и сте заинтересирани за работа во динамично опкружување, Ви нудиме одлични услови за работа, обука како и можност за искажување на своите професионални способности.

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на избор

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе