Transcom Macedonia лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Агент за корисничка поддршка на германски јазик (м/ж)

За компанијата:

Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали.

повеќе за компанијата »

Стани дел од тимот за корисничка поддршка на една од водечките мултинационални компании во индустријата за детски играчки и производи за забава, со повеќе од 200 продавници низ светот. Како Агент за корисничка поддршка на германски јазик, ќе бидеш важен дел од корисничкото искуство, комуницирајќи директно со клиентите и обезбедувајќи им професионална и ефикасна поддршка. Ќе им помагаш со нивните прашања и барања, ќе наоѓаш соодветни решенија и притоа ќе ги развиваш своите комуникациски и јазични вештини во динамична меѓународна средина.

 

Што нудиме?

  • Конкурентна плата од 58.632 денари
  • Бонус за добредојде од 6.000 денари
  • Можност за работа од дома или од нашите модерни канцеларии во центарот на Скопје - вие бирате!
  • Работно време во смени, во период од 09:00 до 19:00 часот (да, добро прочитавте, само дневни смени)
  • Месечни бонуси за перформанси
  • Бонуси за препораки
  • Полиса за приватно здравствено осигурување
  • Придобивки од SportMaster
  • Корпоративни попусти во над 15 компании со кои Транском има склучено соработка
  • Онлајн центар за психолошко советување
  • Професионална и платена обука за работа
  • Покрај вашиот тим лидер, ќе имате одличен тим за поддршка
  • Учење нови вештини со користење на образовната платформа T: University
  • Кариерен развој и глобално искуство

 

Што бараме?

  • Одлично познавање на говорен и пишан германски јазик (B2/C1)
  • Основни познавања од работа на компјутер
  • Тимски играч кој ужива во динамична средина
  • Мотивирана и одговорна личност која сака да се развива и напредува во оваа индустрија

 

Каков е животот во Transcom?

Во Transcom сме неуморно посветени. На нашите клиенти и едни на други. Секој ден некој започнува свое патување со Transcom. Искористувајќи го потенцијалот кој го има денес и претворајќи го во вештини корисни за во иднина. Добивајќи признанија за напорната работа, тимскиот дух и поддршката на другите. Поткрепувајќи позитивни, трајни промени во своите тимови и заедници. Такви сме ние во Transcom. Овде се грижиме и навиваме едни за други. Вклучени сте, баш такви какви што сте, уште од првиот ден. А со вистинскиот начин на размислување, нема граници за тоа колку далеку можеме да одиме заедно.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »