
ЗА КОМПАНИЈАТА
ГМК Технологија ДОО е производствена компанија специјализирана за метални компоненти за канцелариски мебел, со долгогодишна соработка со реномирани странски партнери. Производството е ориентирано кон висок квалитет и извоз на европскиот пазар.
Нашиот производствен процес опфаќа:
- Ласерско сечење на цевки
- Заварување
- Брусење
- Електростатско бојадисување
ПОЗИЦИЈА: ОПЕРАТОР ВО ФАРБАРА
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршено средно образование
- Претходно работно искуство на слична позиција
- Познавања од електростатско фарбање, бои, сетирање на параметри (предност)
ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
- Подесување на параметри на фарбарата, пуштање во работа, поставување на бои, оптимизација и подобрување на работата
- Почитување на квалитетни стандарди и рокови
- Одговорно и навремено извршување на работните задачи
- Придржување кон мерките за безбедност и користење на заштитна опрема
ЛИЧЕН ПРОФИЛ:
- Тимски ориентирана и одговорна личност
- Организираност и флексибилен пристап кон работа
- Прецизност, темелност и трпеливост
- Професионален однос кон работните обврски
ШТО НУДИМЕ:
- Стабилна работа во сериозна производствена компанија
- Можност за професионален развој и напредување
- Конкурентна почетна плата (во зависност од искуство и вештини)
- Бонус систем според постигнати резултати
- Можност за брзо зголемување на платата по покажани резултати
- Работно време: 07:00 – 15:00
- Обезбеден топол оброк
- Регулирани права согласно закон
📩 Аплицирање
Испратете кратка биографија на:
📧 g [најави се за да го видиш е-маилот]
📞 или контактирајте на: 071 254 222
⚠️ Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат условите.
Слични огласи »