Топ Систем ДОО

Комерцијалист-дистрибутер

Објавенна 2.2018
Активен до09.02.2018
ПозицијаОстанато
ЛокацијаСкопје
За компанијата

Компанијата ТОПСИСТЕМ Д.О.О. Скопје е формирана во 2004 година со основна дејност: увоз и дистрибуција на моторни и индустриски масла и масти, адитиви и производи за автомобилска индустрија. Компанијата располага со магацински и деловен простор и сопствени возила за комерција и дистрибуција. Повеќе за компанијата »

Опис на огласот

Преземи го оригиналниот оглас

Друштво за трговија и услуги Топ Систем ДОО експорт-импорт Скопје кое се занимава со увоз,продажба и дистрибуција на моторни масла и масти од реномирани брендови,поради зголемување обем на работа има потреба од:

КОМЕРЦИЈАЛИСТ -ДИСТРИБУТЕР

Потребни квалификации:

  • ССС
  • Претходно работно искуство не е потребно ,предност имаат оние кои веке работеле комерција,но не е предуслов
  • Основно познавање на Microsoft Office пакетот
  • Возачка дозвола Б  категорија и активен возач
  • Познавање на Англиски Јазик
  • Возраст 25-35 години

Одговорности и задачи:

  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
  • Развивање и одржување на односите со клиентите

Очекувани вештини и способности:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини
  • Организациски и аналитички способности
  • Мотивирана и стабилна личност
  • Динамична, иницијативна и насочена кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за индивидуална и тимска работа
  • Флексибилност за работа на терен

Доколку сакате да работите во динамична атмосфера со постојано надградување на своите познавања, пратете го вашето CV со мотивационо писмо на:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака„Комерцијалист “

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Ве молиме без телефонски јавувања!

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе