Новомак ДООЕЛ лого

Фарбар на плочести материјали

За компанијата:

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:

 

ФАРБАР НА ПЛОЧЕСТИ МАТЕРИЈАЛИ

Локација: Ѓорче Петров, Скопје

 

Работни задачи:

  • Фарбање и лакирање на плочести материјали
  • Работа со пиштол за фарбање и опрема за нанесување боја/лак
  • Подготовка на бои, лакови и други материјали според зададени инструкции
  • Контрола на квалитет на нанесената боја/лак
  • Почитување на стандарди за квалитет, безбедност и заштита при работа
  • Одржување чисто и организирано работно место

 

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство со фарбање или лакирање на плочести материјали ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со пиштол за фарбање
  • Основно познавање на бои, лакови и завршни обработки
  • Прецизност, внимателност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Подготвеност за работа во производствен погон

 

Нудиме:

  • Работа во стабилна и растечка компанија со современа организација
  • Можност за професионален и личен развој
  • Мотивирачки услови за работа, стабилна плата и тимска средина


📧 Аплицирајте со ваша биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
🕒 Рок за аплицирање: 27.05.2026

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »