ЈУСТ ФУН М ДОО Скопје лого

Менаџер и заменик менаџер на продавница - Битола

🚀 Flying Tiger Copenhagen отвора нова продавница во Битола!

Дали сте подготвени да бидете дел од нешто ново и возбудливо?

Flying Tiger Copenhagen е дански бренд со долгогодишна традиција и широко развиена малопродажна мрежа во 27 земји, со над 1000 продавници ширум светот.

Познат по својата уникатна понуда на креативни, практични и забавни производи кои го разубавуваат секојдневието, Flying Tiger Copenhagen ја започнува својата авантура во Македонија. Тимот е во формирање и во потрага сме по ентузијастични и мотивирани кандидати, за позицијата:

МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА

ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА ПРОДАВНИЦА

(- БИТОЛА -)

Менаџерот на продавницата е одговорен за целокупните резултати, операции, визуелно уредување, раководење на тимот и работната атмосфера во продавницата. Осигурува дека сите закони, правила и насоки се почитуваат.

Работни задачи и одговорности:

  • Управување со продавницата и одржување на ефикасно и продуктивно работење
  • Обука, мотивирање и надзор на вработените, со цел да се постигнат продажните цели и да се обезбеди одлична услуга за клиентите
  • Се грижи за правилната примена на стандардите на компанијата, оптимизација на продажбата, зголемување на перформансите на продавницата што ја води
  • Се грижи за навремена и правилна изложеност на производите
  • Ги контролира дневните промети, залихи, трошоци и ја следи усогласеноста со буџетот
  • Учествува во процес на вработување на пресоналот, професионална обука, следење на постигнувањата на вработените, придржување до процедурите
  • Решавање на жалби и прашања од страна на клиентите
  • Подготовка на извештаи за работењето на деловната единица што ја раководи

Потребни квалификации и вештини:

  • ССС или ВСС, пожелно од областа на општествени науки
  • Минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Фокус на резултати и деловен пристап
  • Силни продажни и лидерски способности
  • Одлично разбирање на корисничко искуство
  • Знаење од визуелно уредување и малопродажба
  • Претходно искуство во малопродажба
  • Познавање на Microsoft Office и англиски јазик

Менаџерот на продавница треба да биде подготвен за работа во смени, 6 дена во неделата, 40 часа неделно работно време. Доколку сте подготвени за нова авантура, ве покануваме да аплицирате преку полето за брза апликација.

Рок за пријавување: 07.05.2026 год.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »