ЕЛЕКТРА ГРУП ДООЕЛ Скопје лого

Електро-техничар

За компанијата: ЕЛЕКТРА ГРУП ДООЕЛ е компанија која се истакнува во областа на изработка и имплементација на иновативни решенија, софтверски, хардверски и телекомуникациски услуги, усогласени со најновите технолошки достигнувања.... повеќе за компанијата »

Нашата компанија бара мотивиран и одговорен електро-техничар кој ќе работи на поставување и одржување на електрични и слабострујни системи на територија на цела Македонија, со цел обезбедување на безбедно и ефикасно функционирање на опремата и инфраструктурата.

Задачи:

  • Поставување, одржување, поправка и проверка на електрични и слабострујни инсталации;
  • Детекција и решавање на дефекти;
  • Превентивно и тековно одржување;
  • Соработка при реализација на технички интервенции;
  • Водење евиденција за извршените работи и потрошен материјал, во вид на патни и работни налози.

Барања:

  • Завршено средно образование (електро насока се смета за предност);
  • Валидна возачка дозвола Б категорија – задолжително;
  • Основни или напредни познавања од електротехника и работа со алат и мерна опрема;
  • Способност за самостојно работење, одредување приоритети и самоиницијативност;
  • Одговорност, точност и подготвеност за тимска работа.

Што нудиме:

  • Работа во одличен тим од искусни техничари и инженери;
  • Работно време: понеделник – петок, 8 часа дневно со пауза;
  • Опсегот на платата во согласност со вашите вештини и искуство;
  • Бонуси и награди за самоиницијатива, како и бонус за препорачан пријател за работа;
  • Процент од донесен проект;
  • Можност за стручно усовршување, сертифицирани и дополнителни обуки;
  • Динамична и стабилна работна средина;
  • Навремени примања и можност за напредок.

Ако сте подготвени за нов професионален предизвик, испратете ја вашата биографија (CV) на Email адресата:  [најави се за да го видиш е-маилот]  и станете дел од нашиот тим!

За повеќе информации контактирајте не на 076 442 267!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »