BE-DA Logistik лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Соработник за човечки ресурси и администрација

За компанијата:

Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.... повеќе за компанијата »

  • Објавен пред 2 часа
  • BE-DA Logistik
  • Активен до 24.09.2026
  • Позиција: HR (човечки ресурси)
  • Локација: Скопје
  • Веб: be-da.mk
  • Facebook: линк

Активни огласи од BE-DA Logistik:

Службеник за финансиско работење

Соработник за човечки ресурси и администрација 

Доколку комуникацијата со луѓе, организацијата и создавањето позитивна работна средина се нешто во кое се пронаоѓаш, а притоа имаш одговорен и систематичен пристап кон административните задачи, те очекуваме во нашиот тим.

За проширување на нашиот тим, бараме Соработник за човечки ресурси и администрација кој/која ќе биде одговорен/на за целокупната поддршка на вработените и HR процесите во компанијата.

Како дел од оваа позиција, ќе имате важна улога во поддршката на правните и HR процесите, обезбедувајќи усогласено и ефикасно функционирање на компанијата.

Ваши одговорности:

  • Одржување на позитивна и пријатна атмосфера и добри односи меѓу вработените
  • Комуникација со вработените и обезбедување поддршка во секојдневните HR прашања
  • Објавување огласи за работа и активно учество во процесот на регрутација
  • Преглед и селекција на CV-а и кандидати
  • Организирање и спроведување интервјуа со кандидати
  • Координација на процесот на вработување и onboarding на нови вработени
  • Организирање работилници, тимски активности, интерни настани и активности за вработените
  • Следење на задоволството и ангажираноста на вработените
  • Поддршка при решавање на интерни прашања и предизвици поврзани со вработените
  • Подготовка и водење на HR документација
  • Административни активности поврзани со вработувања, пријави, одјави, договори, отсуства и друга документација
  • Ажурирање и одржување на персонални досиеја и HR евиденција
  • Подготовка на плата и координација со сметководство и други оддели за прашања поврзани со вработените
  • Следење и подобрување на интерните HR процедури и процеси

Идеалниот кандидат:

  • Поседува најмалку 2 години релевантно работно искуство
  • Добро го познава трудовото право
  • Работи организирано, прецизно и со високо ниво на доверливост
  • Одлично се снаоѓа во MS Office

Доколку се препознавате во оваа улога, испратете ни ја вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] и станете дел од компанија со повеќе од 15 години искуство во транспортот и логистиката.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »