CASTINVEST е иновативна компанија за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив, која се позиционира на врвот како една од водечките компании со врвен квалитет на производи и услуги кои ги пласира на домашниот и меѓународниот пазар.
Со својата работа се стремиме кон деловна совршеност во сопствената дејност, иновативен развој на производите и процесите како и непрекинато зголемување на продуктивноста и квалитетот. Изработуваме фазонски делови наменети за водоводни и гасовни инсталации, канализациска арматура, одлеаноци од алуминиум за машинска индустрија
Каст Инвест Доо има потреба од следната работна позиција:
Оператор на машина за подготовка на калапи-КАЛАПЕР
Потребни квалификации:
- Средна стручна спрема-техничко образование
- Работно искуство во производен процес
Oдговорности:
- Одговорен е за транспорт на јадра до калаперска линија
- Одговорен е за правилно склопување на јадрата рачно или со кран
- Одговорен е за добро продувување на формите
- Одговорен е за квалитетот на изработената форма
- Ги следи и ги открива сите несоугласености и истите ги пријавува во секторот за квалитет
- Извршува и дополнителни работни задачи зададени од претпоставениот
Ние нудиме:
- Можност да сте дел од голема компанија со над 150 вработени
- Стабилност и можност за развивање
- Градење на успешна кариера
- Одлични услови за работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
- Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
Работниот однос се склучува на одредено време ,со можност за продолжување
Апликација
Преку испраќање на ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или испраќање на адреса Castinvest, ул. Перо Наков, број 120, 1000 Скопје. Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци