Геопром лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

Плата од 35.000 ден.

За компанијата: Компанијата Геопром со седиште во Скопје, Македонија врши производство на додатоци во исхрана како и трговија/дистрибуција на додатоци во исхраната. Основана во 1992 година како компанија во приватна... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 8 часа
  • Геопром
  • Активен до 14.10.2026
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2774101
  • Веб: www.geoprom.com.mk
  • Facebook: линк

Активни огласи од Геопром:

Општ работник

Опис на работното место:

  • Прием, обработка и евиденција на секојдневни нарачки од клиенти (преку телефон и е-пошта).
  • Подготовка, издавање и архивирање на фактури, испратници, одобренија и останата пратечка документација.
  • Комуникација со клиенти и потврдување на детали за нарачките.
  • Координација со магацин/испорака за навремено реализирање на нарачките.
  • Води евиденција за излезот на стока согласно дневните испораки.
  • Врши попис и усогласување на состојбата на робата.
  • Подготвува извештаи и евиденции по барање на претпоставениот.

    Квалификации:​
  • Завршено средно или високо образование.
  • Претходно работно искуство на иста или слична административна позиција ќе се смета за предност.
  • Одлично познавање на работа со компјутер (MS Office).
  • Познавање на англиски јазик (пишување и зборење)
  • Познавање со работа во програмот CFM ќе се смета за предност

Компанијата нуди работа во позитивна средина и одлична можност за професионално надградување, редовни примања, регрес, најмалку два пати годишно зголемување на плата и почетна плата од 34 000 денари.

Работно време: Од понеделник до петок (од 08:00ч до 16:00ч). Викенд и државни празници се неработни денови.

Доколку ги исполнувате условите или верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија(CV) на македонски јазик на нашиот емаил заклучно со 16.10.2026, со назнака за позицијата: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани и повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашето CV, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на Геопром и истите да бидат зачувани во дата базата на Геопром.

Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивното CV преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]  
www.geoprom.com.mk 
ГЕОПРОМ 
ул.Христо Татарчев 17/2 Бр.2, 1000 Скопје.
Тел.02/2774101

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »