ХТЛ Македонија лого

Овластен сметководител

  • Објавен пред 6 часа
  • ХТЛ Македонија
  • Активен до 11.04.2026
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Веб: www.htl.mk
  • Facebook: линк

ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. 16-та Македонска бригада бр.25, Гази Баба-Скопје,  дел е од големата интернационална групација Новоматик АД од Австрија, лидер на пазарот  за игри на среќа и забавните игри. 

Ако сте вредна и амбициозна личност, станете дел од нашиот тим.

Ние нудиме:

  • Работа во брзорастечка компанија;
  • Работа со млад, креативен и амбициозен тим;
  • Можност за професионално усовршување и напредување;
  • Јасно поставено скалило на одговорност и очекувања;
  • Приватно здравствено осигурување.

 

НИЕ бараме минимум потребни квалификации:

  • Завршено ВСС -економски факултет  
  • Работно искуство: најмалку 3 (три) години;
  • Уверени за овластен сметководител
  • Познавање на англиски или друг светски јазик.

 

Дополнителни квалификации:

  • Oдлични комуникациски вештини, флексибилност и проактивност
  • Самоиницијативност во секојдневната работа, тимска работа и способност за работа под притисок
  • Квалитетно и ефикасно извршување на секојдневните работни задачи
  • Чесен однос кон работата, доверливост, лојалност и одговорност
  • Мотивација за напредување и развој во кариерата.

 

Работни задачи:

  • Водење  на деловните книги на Друштвото;
  • Учествува во  составување и изготвување на финансиските извештаи;
  • Учествува во работењето на ревизорите при ревизија на годишните извештаи;
  • Грижа за примена на законските прописи од областа на материјално-финансиското работење на Друштвото;
  • Врши активности за непречено спроведување на организирањето  на сметководствени работи;
  • Врши работи кои се однесуваат на креирањето и усвојувањето на работен план за подготовка на сметководствени документи, документи за подготовка на финансиски извештаи и на обезбедувањето на постапка за спроведување и следење на сметководствените операции; 
  • Ја следи усогласеноста со постапката за состав на сметководствени документи, порамнувања и обврски за плаќање; 
  • Учествува во развојот и имплементацијата на рационално планирање и сметководствена документација, на напредните форми и методи во сметководство кои се засновани врз употреба на современа компјутерска технологија;
  • Ја изготвува и  потпишува годишната сметка како овластен сметководител;
  • Извршува и други работи  во делот на финансии.

 

Работно  време од 8 часа, од понеделник до петок.

Рокот за аплицирање е 15 работни дена, само кандидатите кои ги  исполнуваат условите ќе бидете повикани на интервју.

 

Вашето СV испратето го на емаил: [најави се за да го видиш е-маилот]

 

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »