Новомак ДООЕЛ лого

Припрема на плочести материјали за фарбање

За компанијата:

Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »

Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:

 

РАБОТНИК ЗА ПРИПРЕМА НА ПЛОЧЕСТИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА ФАРБАЊЕ

Локација: Ѓорче Петров, Скопје

 

Работни задачи:

  • Подготовка на плочести материјали
  • Шмирглање и израмнување на површини
  • Лепење, заштита и маскирање на делови кои не се фарбаат
  • Помош при организирање на материјалите за фарбање
  • Почитување на работни процедури и стандарди за квалитет
  • Одржување на чисто и безбедно работно место

 

Потребни квалификации:

  • Претходно искуство со подготовка на дрвени или плочести материјали ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со шмиргла, рачен и машински алат
  • Внимателност, прецизност и одговорност
  • Способност за тимска работа
  • Подготвеност за работа во производствен погон

 

Нудиме:

  • Работа во стабилна и растечка компанија со современа организација
  • Можност за професионален и личен развој
  • Мотивирачки услови за работа, стабилна плата и тимска средина


📧 Аплицирајте со ваша биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
🕒 Рок за аплицирање: 27.05.2026

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »