(преземи го огласот во Word)

Авицена Лабораторија, сертифицирана и акредитирана лабораторија согласно стандардот MKC EN ISO 15189:2022,објавува
ОГЛАС
за работното место
Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива
Опис на работната позиција:
Специјалистот за стратешки развој и усогласеност со регулатива има клучна улога во интеграција на стратегијата на компанијата во тековните регулативи и медицински стандарди по кои работи лабораторијата, со цел обезбедување квалитетни, безбедни и иновативни услуги за пациентите.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование од соодветна област ( Медицински факултет/Биомедицински науки/Фармација или Здравствен менаџмент)
- Клиничко искуство или работа во дијагностика/лабораторија особено здравствен маркетинг или медицински претставник ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик
- Познавање работа со компјутери-MS office
- Возачка дозвола – Б категорија
Работни одговорности:
А) Стратешки развој
- Анализа на пазар и изработка на стратегија за раст и развој на компанијата;
- Следење трендови во лабораториска медицина;
- Анализа на нови лабораториски тестови и технологии;
- Идентификација на нови пазарни можности;
- Развој на партнерства и креирање планови за промоција на лабораториски услуги;
- Поддршка на менаџментот во носење на стратешки одлуки.
Б)Регулаторна усогласеност
- Води комуникација со надлежните институции за прашања поврзани со дејноста;
- Одговорен е за ажурирање на дозволите за работа и договорите склучени со ФЗОМ;
- Го анализира и усогласува работењето согласно барањата од законската регулатива од област на здравство и здравствено осигурување;
- Комуникација на медицински информации во јавноста согласно интерни политики.
В)Квалитет и процеси
- Соработка со менаџмент и лабораториските тимови за усогласување на услугите со потребите на пазарот;
- Учество во подготовка на промотивни материјали согласно интерни стандарди;
- По потреба, врши и други работи и задачи, од делокругот на работењето.
Потребни вештини и способности:
1. Клучна компетенција – Стратешко размислување:
- Разбирање на здравствен пазар и конкуренција;
- Способност за препознавање нови можности;
- Вклученост во развој на услуги и позиционирање.
2. Стручен кредибилитет:
- Познавање на лабораториски анализи и дијагностика,
- Висок степен на професионален атворитет пред високостручен здравствен кадар.
3. Одлични комуникациски и презентациски вештини, комфор со медиуми и јавни дискусии;
4. Аналитички вештини;
5. Регулаторна и етичка свесност.
Работно време од 40 часа неделно, само прва смена, од 8:00 часот до 16:00 часот, од понеделник до петок.
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, Ве молиме доставете ја вашата професионална биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “за оглас за Специјалист за стратешки развој и усогласеност со регулатива” или на бул. ,,8-ми Септември” бр. 2, лок. 1, Скопје во рок од 7 (седум) работни дена, односно од 20.05.2026 година, најдоцна до 29.05.2026 година.
Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од :
- доколку се пријавиле до 200 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 45 дена,
- од 201 до 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 90 дена и
- над 500 кандидати за едно работно место, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
Напомена: ПЗУ Авицена лабораторија Скопје сите апликации за вработување ќе ги третира како строго доверливи. Согласно Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа, согласни сте Вашите лични податоци да бидат користени во процесот на регрутација и селекција на кадри во компанијата, кое гарантира дека освен за наведената цел Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел, ниту пак достапни на трети лица и воедно напоменуваме дека сите апликации ќе бидат чувани 6 месеци, сметано од денот на нивниот прием, освен во случај кога апликанотот писмено ќе побара истите да бидат избришани пред истек на утврдениот рок.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.