Компанијата П.И.К.Ко ДООЕЛ од Скопје со повеќегодишно успешно работење во областа на трговија со сурвини за сите области на прехранбената индустрија во моментов имама потреба од вработување на:
Координатор за шпедиција и транспорт
Одговорности и задачи:
- Во делот на шпедицијата
- Активности во врска со царинење на стоката која се увезува;
- Подготовка на дел од документацијата поврзана со увоз и извоз на суровини , изјави, дозволи, сертификати,
- Коресподенција со државните институции- министерства во врска со постапките за добивање на одобренија, дозволи и друго
- Координирање со главниот шпедитер во делот на царинската постапка за увоз и извоз
Во делот на транспортот
- Ја координира и организира употребата на возилата на правното лице од страна на вработените
- Се грижи за техничката исправност на возилата и одржување на чистотата на исти, задолжен е за контролирање и извршување на редовните сервиси на возилата;
Потребни квалификации
- Средно или Високо образование
- Предходно работно искуство се смета за предност
- Возачка дозвола Б категорија
Профил на личност
- Комуникативна, динамична и одговорна личност
- Деловен и професионален однос
Ние Ви нудиме
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
Ако се пронаоѓате во описот, ве поттикнуваме да аплицирате и станете член на нашиот тим.