ДТУ МАГРОНИ ДОО Скопје лого

Додај во омилени

Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.

Магационер-одговорен на смена во магационот во Скопје

За компанијата: МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и природна изворска вода, освежителни безалкохолни пијалаци и алкохолни пијалаци. повеќе за компанијата »

Активни огласи од ДТУ МАГРОНИ ДОО Скопје:

Работник во магацинот во Скопје

МАГРОНИ ДОО - Скопје е една од водечките македонски компании за производство и дистрибуција на природна минерална и изворска вода, освежителни безалкохолни пијалаци и алкохолни пијалаци.

Нашиот успешен тим има потреба од нов член за следната работна позиција:

Магационер-одговорен на смена во магационот во Скопје

Кандидатот ќе биде одговорен за:

  • Организирање и следење на процесот на складирање на готовиот производ согласно утврдените процедури.
  • Координација и распределба на работните задачи на вработените во смената во магацинот.
  • Подготовка, евидентирање и ажурирање на потребната магацинска и административна документација.
  • Подготовка и координација на планот за испорака на готов производ од магацинот.
  • Обезбедување логистичка поддршка на секторите за продажба и дистрибуција.
  • Следење на залихите, приемот и издавањето на готовиот производ и усогласување на магацинската евиденција со фактичката состојба.

Барања за позицијата:

  • Средно образование
  • Задолжително искуство со работа на компјутер
  • Возачка дозвола од Б категорија
  • Одговорност, комуникативност и способност за работа во тим
  • Работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност

Компанијата нуди:

  • Стимулативен финансиски пакет
  • Дополнителни бонуси
  • Динамична и професионална работна средина
  • Тимска атмосфера

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 23.09.2026 или јавете се на контакт бројот 02 3228458 секој работен ден (од понеделник до петок) од 8 до 16 часот.

Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »