BALFIN Group е една од најуспешните инвестициски групации во Западен Балкан. Основана во 1993 година, денес Групацијата работи во Австрија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Швајцарија, Црна Гора, Холандија, Канада и САД. Со диверзифицирано портфолио кое опфаќа повеќе сектори, меѓу кои банкарство, развој на недвижности, големопродажба и малопродажба, управување со средства, туризам, логистика, образование и забава, BALFIN Group континуирано ја зајакнува својата пазарна позиција. Со тим од околу 5.500 професионалци, BALFIN Group бележи стабилен и континуиран раст, воден од силна деловна етика, финансиска стабилност, иновации и долгорочна посветеност кон општествениот развој и заедницата.
Како дел од BALFIN Group, Нептун Македонија игра клучна улога во секторот малопродажба. Со цел зајакнување на секторот финансии и сметководство, бараме организирана, аналитична и одговорна личност, за позицијата
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Цел на работното место
Обезбедување навремено, точно и законски усогласено сметководствено евидентирање на деловните настани, обработка и контрола на сметководствената документација, како и подготовка на податоци потребни за финансиско известување, во согласност со законската регулатива, сметководствените стандарди и интерните политики на компанијата.
Работни задачи и одговорности:
- Прием, проверка, евидентирање и книжење на влезни фактури за трошоци и услуги.
- Контрола на исправноста и комплетноста на документацијата.
- Распределба на трошоци по деловни единици и трошковни места.
- Комуникација со добавувачи и интерни оддели за обезбедување точна и навремена документација.
- Обработка и книжење на девизни фактури и увозна документација.
- Книжење на царински трошоци, ДДВ од увоз, транспортни и шпедитерски трошоци.
- Следење на усогласеноста помеѓу сметководствената и царинската документација.
- Книжење и усогласување на денарски и девизни банкарски изводи.
- Евидентирање на уплати, исплати, камати, провизии и останати финансиски трансакции.
- Усогласување и затворање на отворени ставки.
- Следење и книжење на движењето на залихите.
- Контрола на магацинска документација, трансфери, консигнации и нивелации.
- Анализа и решавање на утврдени разлики во залихите.
- Евидентирање и следење на основни средства и ситен инвентар.
- Книжење на набавки, продажби, отписи и амортизација.
- Обезбедување усогласеност со законската регулатива и интерните процедури.
- Подготовка на резервации, курсни разлики и останати сметководствени пресметки.
- Усогласување на биланси и салда со поткрепувачка документација.
- Учество во месечни и годишни финансиски затворања.
- Подготовка на редовни и ad hoc извештаи и анализи за потребите на менаџментот.
- Соработка со банки, добавувачи, шпедитери, царински застапници и останати деловни партнери.
- Обезбедување навремена размена на информации и документација.
Потребни квалификации:
- Високо образование од областа на економија, финансии, сметководство или сродна област.
- Минимум 3 години работно искуство во сметководство, пожелно во големи организации.
- Одлично познавање на MS Excel и MS Office пакетот.
- Познавање на ERP системи и сметководствен софтвер.
- Основно познавање на англиски јазик.
- Познавање на сметководствени принципи и финансиска документација.
- Познавање на Законот за сметководство, Законот за ДДВ и останатата релевантна финансиска регулатива.
Што очекуваме од Вас?
- Одговорност и прецизност во работењето
- Аналитички пристап и внимание кон детали
- Проактивност и иницијативност
- Способност за работа во динамична средина и управување со рокови
- Одлични комуникациски и тимски вештини
- Подготвеност за континуирано учење и професионален развој
Зошто Нептун?
Во Нептун ќе работите во стабилна и успешна компанија, во професионален тим кој ги вреднува знаењето, посветеноста и иницијативноста. Нудиме можности за професионален развој, работа со современи деловни процеси и активно учество во унапредувањето на финансиските и сметководствените практики на компанијата.
Доколку се препознавате во оваа улога, аплицирајте до 11.10.2026 и станете дел од тимот на Нептун!