Сметководител

Објавенпред 7 часа
Активен до02.12.2026
ПозицијаЕкономист/Сметководител/Ревизор
ЛокацијаРадовиш
Веб-страницаhttps://smartkredit.mk

Опис на огласот

Оглас за вработување

СМЕТКОВОДИТЕЛ

ФД Смарт Кредит, како финансиско друштво кое континуирано го развива своето работење и го проширува својот тим, има потреба од мотивирана, одговорна и професионална личност за работната позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

Доколку имате искуство во сметководственото и финансиското работење, поседувате аналитички способности и сакате да бидете дел од динамична и професионална работна средина, Ве покануваме да аплицирате.

Работни задачи и одговорности:

  • Прием, контрола, обработка и книжење на целокупната влезна и излезна сметководствена документација.
  • Книжење и усогласување на денарски банкарски изводи.
  • Следење и контрола на благајничкото работење.
  • Водење и усогласување на аналитички и синтетички сметководствени евиденции.
  • Усогласување на салда и аналитички картици.
  • Подготовка на податоци и извештаи за надлежните институции, вклучително УЈП, Народната банка и други институции согласно законските обврски на друштвото.
  • Следење и примена на актуелната законска регулатива од областа на сметководството, финансиите и даноците.
  • Извршување на други сметководствени и финансиски задачи согласно потребите на работното место.

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование – Економски факултет, предност насока сметководство и финансии.
  • Предност ќе имаат кандидатите со претходно работно искуство во банка или финансиско друштво.
  • Познавање на законската регулатива од областа на сметководството, даноците и финансиското работење.
  • Практично познавање на MS Office, особено Excel.
  • Искуство со сметководствени софтверски решенија.
  • Познавање на подготовка на годишна сметка и финансиски извештаи.
  • Лиценца за овластен сметководител ќе се смета за предност.

Лични карактеристики:

  • Високо ниво на одговорност, доверливост и професионалност.
  • Прецизност и посветеност на деталите.
  • Развиени аналитички и организациски способности.
  • Способност за самостојна работа и тимска соработка.
  • Почитување на рокови и деловни процедури.

Што нудиме:

  • Конкурентни финансиски примања.
  • Стабилно вработување во финансиска институција.
  • Можност за професионален развој и напредување.
  • Континуирана едукација и надградување на знаењата.
  • Работа во професионална и динамична работна средина.

Начин на аплицирање:

Вашата биографија испратете ја преку копчето Аплицирај подолу или на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

Со назнака: Апликација за работна позиција – Сметководител

ФД Смарт Кредит ги охрабрува сите квалификувани кандидати кои ги исполнуваат наведените услови да се пријават.

Аплицирај за огласот

KARIERA.mk
Провери ја поштата по аплицирањето за потврда.

CV за апликацијата

Изберете едно CV кое ќе биде испратено со апликацијата.

Други активни огласи од Смарт Кредит

Слични огласи за работа

Повеќе

Едукација и обуки

Повеќе