Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
ЈОКИ на Македонскиот пазар постои од 1999 година и е компанија која се занимава со трговија на големо и мало и монтажа на опрема за централно греење, климатизација, соларна енергија и водовод.
Поради зголемениот обем на работа, фирмата Јоки Дооел сака да го прошири својот тим. Ако сакате да станете дел од нашиот тим а при тоа сте динамична и одговорна особа, со задоволство ве повикуваме да се пријавите на нашиот оглас за вработување.
Што е тоа што го бараме: Висока стручна подготовка (ВСС) ќе се смета за предност Возачка дозвола Б-категорија Добро познавање MS Office (Excel, Word, Power Point) Добро познавање англиски јазик Чувство за односи со клиенти
Предност со работно искуство во струката Краток опис на основните одговорности: Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот; Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа; Обезбедување соодветна присутност и изложеност на производите согласно стандардите на компанијата; Истражување и разрешување поплаки од клиенти; Генерирање и проследување нарачки до производителот; Собирање и анализа на податоци за продажбата, изготвување прегледи и извештаи за продажбата и производите; Подготовка на соодветна документација за продажба; Давање насоки на клиентите за употреба на производите. Нудиме атрактивен бенифициски пакет комбиниран со месечен бонус и можност за континуирано учење и раст заедно со најголемите брендови на македонскиот пазар.
Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа. Висината на основната бруто-плата зависи од тоа колку кандидатот ги исполнува условите на работното место.
Сите заинтересирани да пратат CV на македонски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »
Обуки
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред 6 часа
пред 7 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена