The Resilient Workplace
25.9.2025 Holiday Inn, Skopje
KARIERA.mk со задоволство споделува дека успешно се одржа работилницата со Наталија Федорова, посветена на градење безбедни и отпорни организации во време на постојани кризи.
Имавме одлична енергија, активна дискусија и навистина ангажирани учесници кои споделија искуства од различни индустрии. Преку реални сценарија, практични вежби и конкретни примери, заедно отворивме важни теми за поврзувањето на информациската безбедност, HR и лидерството.
Посебен фокус ставивме на:
✔️ улогата на ISO 27001 во организациската култура
✔️ соработката помеѓу HR и IT во кризни ситуации
✔️ градење тимови кои носат стабилни одлуки под притисок
✔️ психолошката отпорност како клучен фактор за успех
Голема благодарност до Наталија за одличната енергија, практичниот пристап и вредните увиди, како и до сите учесници кои придонесоа за интерактивната атмосфера.
Продолжуваме да креираме настани кои носат реална вредност и практични знаења.
Види ги останатите настани