Maximo Lighting е компанија специјализирана за продажба на модерни, декоративни и функционални решенија за осветлување. Веќе 14 години успешно сме присутни на пазарот, градејќи доверба и препознатливост преку квалитетот на нашите производи и услугата кон клиентите. Во нашиот продажен салон во Аеродром, Скопје, со внимателно избран асортиман, современ пристап и посветеност кон клиентите, создаваме инспиративни решенија за секој простор. Поради проширување на нашиот тим, бараме мотивирани, комуникативни и одговорни личности кои сакаат да растат и да се развиваат заедно со нас.