Скендеровски Марине е семејна компанија основана во 1991 година. По долгогодишно успешно работење во автомобилскиот сектор, од 2007 година е посветена на наутиката и денес е ексклузивен застапник на светски познатите брендови Mercury, Sea Ray, Jeanneau, Vesta Marine и Alu Marine. Со повеќе од 35 години традиција, професионална услуга и семејни вредности, Скендеровски Марине е лидер на македонскиот наутички пазар.