Основана во 1933 година од Андре Бение во Лавал, низ три генерации Групацијата Лакталис остана верна на својата првична заложба за преработка на млеко. Денес Групацијата Лакталис е глобален лидер во млечната индустрија. Присутна е во сите сегменти на пазарарот на млечната индустрија. Групацијата е производител на сирење број еден во светот и е европски лидер во рамките на потрошувачката на млеко и на пазарите на путер и млечни намази.
Групацијата Лакталис е главен играч и во категориите на разладени млечни производи и млечни состојки, како што е индустријата за услуги за храна. Сѐ позначајно место добива и во рамки на пазарите за клиничка и детска исхрана.
Благодарение на глобалното присуство, Групацијата Лакталис отсекогаш можела да ги предвиди новите трендови на пазарот и да се приспособи на режимите на производство и потрошувачка, притоа почитувајќи ги локалните и културните специфичности на секоја земја.