За компанијата
Мактренд-транспорт и логистика е една од првите приватни компании за меѓународен транспорт во Република Македонија. Компанијата располага со сопствен деловен простор, јавен царински склад и возен парк кој се состои од транспортни возила кои ги исполнуваат најновите еко-стандарди за одржување на здрава животна средина. Мактренд располага со стручно оспособен кадар кој стриктно ја следи политиката на компанијата во врска со квалитетот на услугата и крајното задоволство на клиентот.