ИВ Дистрибуција е дел од EWE групацијата, водечки диструбутер на IT и бела техника во регионот повеќе од 30 години. Низ регионот вршиме дистрибуција на компјутери и компјутерска опрема, бела техника, ТВ аудио/видео опрема, апарати за домаќинство, опрема за видео надзор, како и дисплејни решенија. Со растечката палета на производи кои ги застапуваме, одличната услуга и стручниот кадар, ИВ Дистрибуција се стреми да обезбеди покриеност на секој сегмент од пазарот. Од година во година ја надградуваме дистрибутивната инфраструктура и списокот на задоволни корпоративни клиенти.