Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Има ли економска логика во летот Софија-Скопје?

Дали политичкото промовирање на линијата ќе донесе и економска оправданост? Кое е вашето мислење?

По пауза подолга од една декада Софија и Скопје повторно се поврзаа со воздушна линија со авионот полн со политичари и владини претставници. Немало никакви политички пречки да се воспостави авиолинијата меѓу Скопје и Софија вели поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев.

По повеќе од десет години повторно се прави обид да се воспостави авиолинија меѓу македонскиот и бугарскиот главен град. Во првиот лет на компанијата Гуливер од Софија до Скопје денеска беа владини делегации кои ги предводеа министрите за транспорт на двете земји Николај Сабев и Благој Бочварски. Но, дали политичкото промовирање на линијата ќе донесе и економска оправданост, ако се земе предвид дека и досега имаше обиди за воспоставување на авиолинија меѓу Скопје и Софија?

Последниот амбасадор на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев, кој на позицијата беше до 2020 година, во изјава за Радио Слободна Европа вели дека и досега немало никакви политички пречки да се воспостави авиолинијата.

„Концесионер на аеродромот во Скопје е ТАВ, не знам кој е концесионер на аеродромот во Софија сега и тие две компании требало да седнат и да најдат модалитет како да соработуваат со некоја економски исплатлива сметка. Веројатно досега концесионерите немале математика да организираат авиолинија“, вели Ѓорчев.

Инаку последнa авиолинија меѓу Скопје и Софија имаше од 2007 до 2009 година. Сега летовите ќе ги врши авиокомпанијата Гуливер која има лиценца во Бугарија од 2020 година. Од софискиот аеродром компанијата, која е бугарска старт ап инвестиција постара помалку од две години, во моментов има летови до осум дестинации, претежно чартер до туристички центри, а од подалечните места лета до Доминиканска република и Малдиви.

Но, како што пишуваат бугарските медиуми за економската исплатливост на линијата, летот до Скопје всушност е дел од поголемите планови на компанијата. Гуливер добила официјална дозвола од американското Министерство за транспорт да оперира со чартер и редовни летови од ЕУ до САД, а летот Софија-Њујорк би требало да почне пролетва. Истата компанија добила дозвола да лета и до Торонто, а покрај од Скопје, се планирале летови и од Тирана и од Солун. Целта на компанијата, според бугарскиот медиум „Сега“ е да ги спои балканските летови со прекуокеанскиот, а цената на авиобилетот би изнесувала околу 50 евра.

Авиоповрзувањето како идеја прво го промовираше бугарскиот премиер Кирил Петков во рамки на неговиот нов пристап во обидите за решавање на проблемот меѓу Софија и Скопје. Заедно со летот меѓу двата главни града се формираа и работни групи од областите на економијата, транспортот и културата, покрај досегашната заедничка мешовита комисија за историски и образовни прашања. Досега нејзината работа, исполнета и со несогласувања, беше во фокусот на јавноста, пред се и поради тоа што официјална Софија одлучи да ја блокира земјава во 2020 година првично поради нерешени прашања од историјата.

Според амбасадорот Ѓорчев, ваквите чекори како пуштање на авиолинијата се добри но нагласува дека остануваат многу горливи прашања меѓу двете држави и вели треба да се почека за да се даде заклучок.

„Се разбира дека треба да се гради доверба, треба да се дискутира, да се прават проекти, да се даваат нови идеи, да се даваат нови идеи за да се разработат тие проекти, особено за коридорот 8, но треба да видиме. За се е потребно време. Времето лечи се, да му дадеме време на времето“, вели Ѓорчев.

Инаку, покрај за економските теми и транспортната поврзаност во Софија продолжија разговорите за политичките прашања на нивоа на министерства за надворешни работи. Премиерот Димитар Ковачевски не открива детали, но нагласи дека кога ќе имало нешто конкретно јавноста ќе била информирана.

Промовирани огласи »

Просторот на незаменливи токени (NFT) се менува секоја недела, а многу компании се натпреваруваат за внимание. 
Во 2021 година, сите видови NFT се зголемија - од членства и корисни NFT до генерирана уметност.  Продажбата рушеше рекорди  од месец за месец на OpenSea и Rarible. Потоа видовме милијардери, холивудски актери, музичари и брендови како Најк и Адидас како зашпочнаа да купуваат. 

Има толку многу ниши на пазарот на NFT, вклучително и NFT поврзани со метаверс, како предмети за облекување на вашите аватари , можности за земјиште на Sandbox и Decentraland, NFT-и за членство кои се нудат како клуч за приватни заедници и слики на профили (PFP) кои чинат милиони од долари.

Речиси е невозможно да се остане во тек со она што се случува неделно на пазарот со NFT бидејќи има стотици нови проекти кои се лансираат, нови технологии се развиваат и се формираат партнерства. 

На пример, многу компании започнуваат проекти и нудат комунални NFTs пред да го лансираат својот производ, на тој начин тимот има доволно капитал за да го зголеми производот.

NFT просторот ќе продолжи да се развива и брзо да расте во 2022 година. Многу луѓе очекуваат дека музичката индустрија ќе влијае на просторот во наредните месеци, а други чекаат да се намалат надоместоците за гас за да започнат со тргување со NFT, што веројатно ќе се случи подоцна оваа година со претстојната надградба на мрежата Ethereum.

На еден или друг начин, NFT наскоро ќе станат мејнстрим. Тие нема да бидат само популарни уметнички проекти и музика, туку и NFT базирани на корисни. Оваа технологија ќе стане дел од нашите животи, поедноставувајќи и збогатувајќи голем дел од она што го правиме на интернет.

Промовирани огласи »

Македонец на граница остана без ПОРШЕ и часовник вреден 115.000 евра!

Македонски државјанин фатен со шверцуван часовник вреден 115.000 евра

Во заедничка акција на царината и полицијата на граничниот премин Прешево спречен е обид за криумчарење на луксузен часовник „Патек Филип“, чија вредност се проценува на 115.000 евра, поради што е задржано и поршето во кое патникот пристигнал на преминот. Со тоа вкупната вредност на откриениот прекршок достигнала речиси 15 милиони денари.

Овој несекојдневен обид за криумчарење, како што пренесуваат медиумите во соседството, бил откриен вчера кога во претпладневните часови на излез од граничниот премин Прешево пристигнало „порше“ со германски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин.

Тој патувал во друштво на еден сопатник, а на прашањето дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно. Сепак, деталниот преглед за кој биле издвоени ги демантирал нивните тврдења.

Имено, и на левата и на десната рака на возачот биле пронајдени два скапоцени часовници „Patek Philippe – Nautilus Herren 5980 / 1R“ и „Rolex GMT Master II 40mm“, за кои сопатникот не поседувал никаква потребна документација, иако станува збор за роба од голема вредност.

Бидејќи пропуштил да ја регистрира стоката на влез во Република Србија, рачниот часовник „патек филип“ чија вредност се проценува на 115.000 евра е привремено задржан, а бидејќи вредноста на стоката надминува една третина од вредноста на средството за транспорт што се користело за транспорт на стоката, привремено е одземен и автомобилот „порше 911 карера 4С“.

По судската постапка која се водела по забрзана постапка бидејќи се работи за странски државјанин, прекршочниот суд во Прешево донел првостепена пресуда со која е изречена парична казна од 150.000 динари и заштитна мерка одземање на стока (рачен часовник „патек филип“ и транспортно средство „порше 911 карера“).

Доколку и по жалбената постапка не се смени одлуката на судот, и часовникот и автомобилот запленети при прекршокот ќе бидат изложени на јавна продажба во Царинарницата Ниш.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »