Развојот на вештачката интелигенција и забрзаното ширење на cloud инфраструктурата создаваат нов предизвик за работодавачите недостиг на квалификувани работници кои можат да ја изградат и одржуваат инфраструктурата потребна за AI.
Според анализа на Kelly Services, до 2026 година вработеноста во data center индустријата во САД се очекува да достигне околу 650.000 работни места, што претставува раст од 30% во однос на 2023 година. Дополнително, до 2028 година се очекува бројот на работни места поврзани со изградба на data centers да надмине 180.000.
Најголемиот проблем веќе не е технологијата туку луѓето
Иако инвестициите во AI инфраструктурата растат со огромна брзина, компаниите се соочуваат со сериозен недостиг на луѓе со специфични технички знаења. Особено дефицитарни се кадрите во градежништвото, телекомуникациите, енергетиката, индустрискиот HVAC и техничкото одржување. Според анализата, дури 90% од операторите на data centers го идентификуваат недостигот на кадар како критична пречка за проширување или изградба на нови капацитети.
Дополнителен проблем е што конкуренцијата за искусните работници е исклучително висока – околу 25% од вработените во data center секторот заминуваат кај конкурентски компании, што дополнително го усложнува задржувањето на талентите.
Недостигот на кадар ги зголемува и платите
Кога побарувачката за специфични вештини значително ја надминува понудата, платите растат.
Според Kelly, националните средни проценки за годишни плати достигнуваат околу:
- 175.000 долари за AI инженери
- 178.000 долари за data center оператори
- 135.000 долари за commissioning program managers
- 128.000 долари за construction managers
Разликите во платите зависат и од локацијата – во Silicon Valley, на пример, платите се околу 34,2% над националниот просек.
HR мора да размислува поинаку за талентите
Еден од клучните заклучоци за HR професионалците е дека традиционалното регрутирање можеби нема да биде доволно за да се задоволи растечката побарувачка. Kelly препорачува компаниите да бараат кандидати и во соседни индустрии, наместо исклучиво меѓу луѓе со директно искуство во data centers.
Телекомуникациски инженери, експерти за електроенергетски мрежи, HVAC професионалци и други технички кадри можат релативно брзо да ги развијат дополнителните компетенции потребни за работа во data center секторот. Тука особено значење добиваат skills-based hiring и брзото upskilling, односно вработување врз основа на преносливи вештини и инвестирање во нивно дополнително развивање.
Што значи ова за иднината на HR?
Кризата со кадарот во data center индустријата е пример за поширок тренд што ќе го гледаме и во други сектори: технологијата може да се развива побрзо од достапноста на луѓето со потребните вештини.
Затоа, компаниите сè повеќе ќе мора да инвестираат во:
- Интерно развивање на таленти
- Upskilling и reskilling програми
- Skills-based recruitment
- Привлекување кандидати од сродни индустрии
- Кариерен развој и мобилност на вработените
- Посилни стратегии за задржување на клучните таленти
За HR лидерите, пораката е јасна: борбата за таленти повеќе не е само прашање на тоа кого ќе вработите, туку и како ќе создадете талент што сè уште не постои на пазарот.
Прочитајте и за: Кога кризата станува секојдневие: Зошто „да се вратиме во нормала“ повеќе не е доволно за една организација?
Тагови: AI HR трендови вработени САД